Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОДБОЈКА! Вардар гостува во 2.коло кај ОК Пробиштип
ОДБОЈКА! Вардар гостува во 2.коло кај ОК Пробиштип

ОДБОЈКА! Вардар гостува во 2.коло кај ОК Пробиштип

Викендов на програмата е новото, второто коло во Одбојкарската лига на Македонија. Црвено-црниот одбојкарски колектив гостува во ова коло во градот Пробиштип кај истоимениот одбојкарски клуб, во обид да врзе две победи по ред во оваа сезона 2016/2017.

Мечот ќе се игра во сабота, утре 12 ноември со почеток во 18-00 часот. ОК Пробиштип на нашите одбојкари домаќин ќе биде во салата СС “Софија Петковска- Пробиштип“. Одредена е судиската двојка од страна на Одбојкарската федерација на Македонија станува збор за Зафировски Ѓоре и Сашо Новаковиќ, делегат на дуелот е Стево Давитков.  Нашиот тим на ОК Вардар во  прво воведно коло се сретна со тимот на ОК УГД Студент,  натпревар беше одигра во СЦ. “Форца”. Нашите одбојкари неможеа да посакаат подобар старт на првата лига, тие  со вкупни 3:0 (25:22, 25:12, 25:15) го добија тимот на УГД Студент. Нашиот утрешен противник тргна со победа во село Лешок кај истоимената екипа, триумфирајќи со 1-3. Други дуели ова коло се: ОК Лирија -ОК УГД Студент, ОК Шутова-ОК Лешок и ОК Стримица- ГОК Борец.