Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младите машки и женски ракометни екипи на Вардар викенов со нови мечеви, распоред
Младите машки и женски ракометни екипи на Вардар викенов со нови мечеви, распоред

Младите машки и женски ракометни екипи на Вардар викенов со нови мечеви, распоред

Ноември е месец во кој во полн ек се натпреварите во младинските ракометни конкуренции, машки и женски. Вардар овој викенд има пет дуели во овие натпреварувања. На еден меч сме домаќини, на четири гости од кој на едниот сме “условно гости“ во Кале. Ќе играат две женски и три машки екипи, во продолжение ви носиме саатници, противници за нашите надежи.

Кај дамите имаме два меча младинки и пионерки овој викенд на програмата. Кај младинките  Вардар СЦЈС ќе му “гостува“ на Кузман Вардар, дуелот на програмата е во недела  со почеток во 16-00 часот во Срц “Кале“. Пионерките ова коло гостуваат  во градот Прилеп, мечот се игра во недела со почеток  во 11-00 часот. Оваа екипа  ќе играат против врсничките од РК  Макалоски.

Кај момците овој викенд имаме три дуела два младински и еден пионерски меч. Младинците на Вардар јуниор во натпревар од  група-1, ќе  гостуваат во Велес кај Борец во сабота, дуелот се игра со почеток во 12-30 часот. Младинците на Вардар,  во рамки на 5.коло од група-2 во недела со почеток  од 11-00 часот  во Срц “Кале“ се домаќини на Преспа.  Избраниците на Будимир пионерите на Вардар ова коло гостуваат кај скопскиот ривал РК Работнички,  мечот се игра во недела од 12-00 часот во СЦ „Форца”.