Викендов на програмата е 3. коло од најголемото спортско случување за деца на возраст од 6 до 16 години, ракометната Вардар Јуниор лигата. Според планот ќе има мечеви во сабота, 12 ноември годинава и в недела, 13 ноември, ќе одиграат вкупно 31 натпревар. Три града се домаќини на ова ново, трето коло Кичево, Кавадарци и во Скопје. Во главниот град ќе се игра во четири сали: СЦ Кале и СЦ „Јане Сандански“ (голема и мала) и еден дуел во салата при О.У „Круме Кепески”.
Распоредот за мечевите во двата натпреварувачки дена во четирите сали во главниот град Скопје ќе може да го погледнете во продолжение : Мечеви на_12_и_13.11.2016.pdf.
Распоредот за во двата града во внатрешноста Кичево и Кавадарци каде од сезонава се играат дуели кои може да ги следат и публиката од истите градови со цел омасовување на овој проект може да го погледнете во продолжение: Кичево и Кавардарци мечеви на_13.11.2016.pdf