Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар на позицијата број.3 по воведните две кола во 2022
ЖКК Вардар на позицијата број.3 по воведните две кола во 2022

ЖКК Вардар на позицијата број.3 по воведните две кола во 2022

Два од вкупно четирите предвидени натпревари од 13 коло се одиграа оој викенд. Во центарот на вниманието од овој круг од натпреварите беше дуелот „Под Кале“, каде Вардар го пречека непобедливиот Бадел 1862. Иако требаше да биде локално, скопско дерби, „баделки“се погрижија тоа да не изгледа така. Стигнаа до убедлив триумф (82:59), со кој ја потврдија супериорноста во оваа прва фаза во која имаат максимални 13. победи. Чекор понапред направија кошаркарките на Крива Паланка. Беа подобри од екипата на Пробаскет (64:56) со то потврдија дека немаат намери да се откажат од битката за позицијата број 4. Поради присуство на Ковид 19 во нивните редови, екипата на Баскет Кам 2011 мораше да го откаже патувањето за Струга, додека МЗТ Скопје Аеродром стигна до службена победа, откако екипата на Работнички не се појави на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

Викендов продолжија натпреварите и во групата „Б“. Убедливи настапи имаа екипите на Гризли (славеа со високи 72:35 против Шкупи), и штипска Тим Арена која лесно ја совлада Риниа со (64:35). Во третиот меч од десеттото коло, Гостивар како гостин беше многу подобра екипа од Куманово 2020, победи со убедливи (57:25). Својот меч од овој круг од натпреварите, лидерот Трокал ќе го одигра утре попладне против Мега баскет.

ПРВА „А“ ЛИГА РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО Крива Паланка – Пробаскет 64:56 Вардар – Бадел 1862 59:82 МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 20:0 сл. Струга 2009 – Кам Баскет 2011 одложено

ТАБЕЛА: Бадел 1862 26, Баскет Кам 2011 22 (-1), Вардар 22, Струга 2009 19 (-1), Крива Паланка 19, Работнички 14 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 14 (-1), Пробаскет 14; ИДНО КОЛО (05.02) Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром Баскет Kам 2011 – Крива Паланка Работнички – Вардар Бадел 1862 – Струга 2009