Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > „Браќата Ричкови“ за прв пат заедно на теренот играа за Вардар
„Браќата Ричкови“ за прв пат заедно на теренот играа за Вардар

„Браќата Ричкови“ за прв пат заедно на теренот играа за Вардар

Вардар со победа стартуваше на контролните натпревари во Анталија. Најтрофејниот македонски клуб до крајот на главниот дел од подготовките ќе одигра уште три натпревари.

Вчера наш прв противник беше екипата на СКА Ростов која се натпреварува во третата руска лига. Избраниците на Никола Глигоров славеа победа со резултат 2:0, со головите на Дејан Блажевски и Ерен Парталко.

На вчерашниот натпревар Глигоров играше со формација 3-4-1-2, давајќи шанса на многу играчи кои беа дел од составот за овој прв дуел во Анталија. Во игра во вториот дел за прв пат заедно во сениорскиот тим играа и браќата Ричкови. Се работи за Андреј Ричков (1998) и Марио Ричков (2004)

Андреј Ричков игра на десната бековска позиција и всушност е повратник во Вардар. Андреј инаку потекнува од фудбалската школа на Форца, од каде и доаѓа во Вардар, тука ги помина сите младински екипи и освои многу трофеи и медали. Во 2017 година потпиша професионален договор со Вардар, но тогаш клубот решава да го прати на позајмица во Беласица, додека во продолжение од кариерата го носеше и дресот на Осогово како и на Каменица Саса, од каде и се врати во нашиот клуб.

Марио Ричков е „дете“ на Вардар, поим за верност кон клубот и играч кој настапува на левата бековска позиција, како и младински репрезентативец на Македонија. Исто така има освоено голем број на трофеи со младите екипи на Вардар.

259819352_352319023162023_1229750620330110801_n

На вчерашниот натпревар против СКА Ростов Андреј и Марио беа заедно на терен во вториот дел од натпреварот. Со оглед на формацијата, Андреј играше како десен стопер во тројката, додека Марио во четворката играше како лево крило/бек.

Сигурно дека нивните родители се горди што ги гледаат заедно на теренот и тоа во дресот на најтрофејниот македонски клуб.