Вардар и Нексе ќе ја имаат честа да ја отворат новата сезона во СЕХА-лигата. Со натпреварот на овие екипи кој ќе се одигра на 4.февруари ( петок) и официјално стартува новата натпреварувачка сезона во СЕХА.
Натпреварот во петок ќе стартува од 18:00 часот во С.Ц. Јане Сандански. Вториот закажан натпревар на црвено-црните е на 8.февруари кога гостуваат кај екипата на Војводина, додека на 18.февруари пак гостуваат кај Нексе.
Вардар е во група со Нексе, Војводина и Мотор Запорожје. Екипите кои ќе завршат на првите две места во групата ќе се пласираат во 1/4 финалето.