Најдобриот ракометен портал во Македонија, 24 ракомет, во изминатиов период постави анкета на која читателите имаа можност да гласаат за најдобриот тим во машката Супер Лига по одигрување на есенскиот дел од сезоната.
Во гласањето учествуваа и самите новинари на 24 ракомет, како и новинари од други спортски медиуми во нашата земја. Според гласовите во идеалниот тим доминираат играчите на Вардар, односно вкупно пет ракометари на Вардар се најдоа во најдобриот тим.
Тоа се Тимур Дибиров (лево крило), Филип Талески ( лев бек), Анте Гаџа ( среден бек), Жереми Тото ( пикер) и Гоце Георгиевски ( десно крило). Место во идеалниот тим од другите екипи, имаше за голманот на Струга, Никола Матовиќ, како и за веќе поранешното десно крило на Металур, Златко Хорват.
За најдобар странски играч беше прогласен вардаровиот пикер, Жереми Тото.