Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Дури 4 вардарци во топ-6 изборот за 5.коло, воедно Вардар е “есенски шампион“
КУГЛАЊЕ! Дури 4 вардарци во топ-6 изборот за 5.коло, воедно  Вардар е “есенски шампион“

КУГЛАЊЕ! Дури 4 вардарци во топ-6 изборот за 5.коло, воедно Вардар е “есенски шампион“

Кугларскиот клуб Вардар и ако одигра реми со шампионот Кк Макпетрол во 5.коло кое е воедно последно од првиот дел од Македонската кугларска лига сепак покажаа некој интересни моменти ова реми. Прво Вардар овој прв дел т.н есенски дел го заврши како лидер на МКЛ со освоени 9 бода од можните максимални 10. Со два повеќе од второпласираниот Макпетрол кој воедно има меч помалку. Второ во изборот на топ-6 резулати на ова петто коло во целост доминираме со четири позиции од вкупно шест колку што има во овој избор.

Лидер на овој топ-6 избор е играчот на колото Димитар Димитровски кој го покажа својот вонсерискиот кугларски квалитет и го  зазема лидерскот место на топ-6 листата  за во ова 5.коло во МКЛ. Тој на дербито со шампионот Кк Макпетрол и блесна повторно и оствари најдобар скор 636 “соборени дрва“, со што се закити со признанието “играч на колото“ во Македонската кугларска лига. Втората позиција ја обезбеди одличниот Дане Јакимовски со исто така јак резулат, 622 “соборени дрва“. Во топ-6 изборот имаше место уште за Бојан Влаќевски на четвратата позиција со 607 “соборени дрва“ и Миле Димовски на шестата позиција со 591 ’’собирени дрва“. Се уште е горк вусот на ремиото во дербито на избранците на Драги Димитровски кои пропуштија шанса да го “фрлат на колена“ шампионот на Македонија во Куглање, тие не искористија предност од 4-0 и одиграа само реми со Макпетрол, но Вардар покажа дека шампионот е “ранлив“ и дека веќе одминува неговото време а доаѓа време на црвено-црните .