Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Заврши Е.П ракометарите се враќаат во Скопје, веќе во петок и сабота Вардар игра два СЕХА меча
Заврши Е.П ракометарите се враќаат во Скопје, веќе во петок и сабота Вардар игра два СЕХА меча

Заврши Е.П ракометарите се враќаат во Скопје, веќе во петок и сабота Вардар игра два СЕХА меча

Со вчерашното финале веќе зад нас е Европското Првенство во ракомет за мажи кое се одигра во Полска, следуваат повторно клубските возбудувања низ Европа и за нашиот Вардар. Добар дел од нашите играчи играа на ова европско, некои испаднаа порано некои играа и во вчерашниот финален ден, но сите се враќаат на клупските предизвици кои почнуваат за црвено-црните веќе во петок.

Раул Гонзалес наскоро ќе ги има сите ракометари на располагање во Скопје и ако се очекува дел од нив да поштеди и да ги одмори од напорите на европскиот шампионат. Црвено-црните веќе во петок и сабота на 5 и 6.февруари  играат два дуела во регионалната СЕХА Лига и тоа на гостински терен.  Тие гостуваат кај тимот на Борац од Босна и Херцеговина и кај хрваски Нексе.  Вардарци ги чека месецов безмалку пеколен ритам за 23 дена ќе играат 5 меча, од кој Вардар на четири ќе биде гостин, а три меча се во најквалитената европска ракометна лига ЕХФ Л.Ш.
Распоредот за февруарските мечеви е следен:

  • Борац-ВАРДАР (СЕХА) 05/02/2016
  • Нексе-ВАРДАР (СЕХА) 06/02/2016
  • Рајн Некар-ВАРДАР(Л.Ш) 11/02/2016
  • ВАРДАР-Кристијанштад (Л.Ш) 20/02/2016
  • Пик Сегед-ВАРДАР (Л.Ш)  28/02/2016