Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарци две недели активно се подготвуват за учеството на силниот турнир во Бања Лука на 27-ми август
КУГЛАЊЕ! Вардарци две недели активно се подготвуват за учеството на силниот турнир во  Бања Лука на 27-ми август

КУГЛАЊЕ! Вардарци две недели активно се подготвуват за учеството на силниот турнир во Бања Лука на 27-ми август

Избраниците на Драги Димитровски членовите на црвено-црниот кугларски колектив веќе две недели активно имаат тренинзи во кугларницата “Мусандра“ каде се стационирани моментално бидејќи нивната матична куглана во спортскиот центар “Борис Трајковски“ не е во фунција за време на летниот период. Играчите на кугларскиот клуб Вардар се подготвуват за силен турнир во Бања Лука- Република Српска (БиХ) кој е закажан за на 27-ми август .

Официјалните подготовки за сезоната 2016/2017 во Македонската куглараска лига и европското натпреварување “Светскиот куп“ на кое црвено-црните ќе бидат преставници на Република Македонија ќе стартуваат на први август, порано од вообичајно, причина е овој силен турнир и веќе подигнатата натпреварувачка форма која мора во континуитет да се одржава за следните предизвици. Момците заминуваат во четврток на 25 следниот месец за Босна и Херцеговина. Овој силен турнир е подготвителен за нас и другите тимови за предизвиците во кугларска Европа оваа есен. Повод по кој се организира овој турнир е дваесет годишнината од формирањето на актуелниот шампион на БиХ. Вардарци ќе учествуваат на истиот со домаќинот КК Ревита, српскиот шампион КК Белград и репрезентацијата на Словенија. Турнирот ќе се игра на 28-ми идниот месец. Интересен факт е што сите три екипи ( словенската репрезентација нормално “не“ ) се учесници на силниот европски предизвик “Светскиот куп-2016’’ кој ќе се игра во Болчано, Италија.