Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Комити > Комити верна сенка на својот клуб и на вчерашниот натпревар во Загреб
Комити верна сенка на својот клуб и на вчерашниот натпревар во Загреб

Комити верна сенка на својот клуб и на вчерашниот натпревар во Загреб

Вардар не успеа да го елиминира Динамо од Загреб, но достојно се прости од европската сцена покажувајќи дека може да се носи и со посилен противник. Црвено-црните на вчерашниот натпревар не беа сами. Тие ја имаа поддршката од своите навивачи, повеќе од 100 Комити беа присутни на “Максимир“ и во текот на сите 90 минути им ја дадоа поддршката на играчите. Најверните навивачи на Вардар поминаа повеќе од 800 километри за да бидат со својот клуб. Играчите им вратија со добра игра и безпоштедна борба за секоја топка во текот на целиот меч. Голема беше радоста по постигнувањето на вториот гол во делот каде беа Комитите. Тие се верна сенка на клубот, кои ги пратат на секое гостување, па дури и во Европа. (ФОТО)

komiti-zagreb komiti-zagreb komiti-zagreb