Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардарци редат победи, поуспешни и од КК Ангели
КОШАРКА! Вардарци редат победи, поуспешни и од КК Ангели

КОШАРКА! Вардарци редат победи, поуспешни и од КК Ангели

Викендов продолжија возбудувањата во втората кошаркарска лига за нашиот КК Вардар. Вардарци вчера го одигаа второто  коло оваа нова година, тие се сретнаа со екипата на КК Ангели  во втората по квалитет кошаркарска лига во земјава.

Црвено-црниот кошаркарски колетив ја забележа втората победа во вториот меч оваа полусезона, тие во првото коло се сретнаа со КК Тетекс, тој  дуел го добивме со 29 поена позитива, резулатот на семафорот во малата сала при С.р.ц “Кале“ изнесуваше 97-68. Вчера на домашниот дуел кој се играше во Кале во 11-00 часот успеаа да победат со резултат  71:60. Со оваа победа нашите кошаркари остануваат на делбата на втората позиција со 19 бода, колку што имаат и екипите на Гостивар 2015 и  Водњански Лисици. Оваа сезона ова е вторпат да се сретнеме со екипата на Кк Ангели и во првиот дуел во гости одневме победа со резулат 72-59  за нас. Следен дуел на црвено-црните е тој со тимот  на КК Академија ФМП во салата при средното фискултурно училиште во Скопје.  Резултатите од ова коло во втората кошаркарска лига се следниве:

1. Тетекс  61  65 Академија ФМП
2.   Водњански Л.  87  82 Шкупи
3.   Гостивар 2015  72  61 Радовиш
4.  Пелистер  75/65  80/65 Охрид АВ