Викендов во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“ избранците на Драги Димитровски го одигра својот домашен дуел во рамки од 7.коло во Македонската кугларска лига. На црвено-црниот кугларски колектив му гостуваше екипата на Кк 18 Август Адинг. Нашите куглари и во овој дуел беа убедливи однесоа победа со резулат 7-1 (21-3).
Вардарци повторно како и во првиот дуел екипата на 18 Август Адинг ја “решија“ со доминација на дуото Влаќевски-Димитровски. Само за разлика од првиот дуел кога Димитар Димитровски беше подобар со невеρојатни 640 “собоρени дρва“ , а Бојан Влаќевски имаше 598 сега “Кугларскиот Моцарт“ Влаќевски имаше прв скор. На саботниот дуел најдобар беше Бојан Влаќевски со неверојатни 674 “соборени дрва“, а Димитар беше втор по остварен скор. Тој повторно покажа класа и докажа дека неговата форма иде во нагорна линија како одминуваат дуелите во МКЛ, тој второ коло по ред е играч број еден во истото. Анализата наша покажува дека формата му иде забрзано во нагоре оваа година, тоа го покажува следново, тој во 2016 ги имаше следните скорови:
- Со Кк ГТЦ имаше 584 “соборени дрва“,
- Со Кк Макпетрол имаше 607 “соборени дрва“,
- Со Хераклеа од Битола имаше 616 “соборени дрва“.
- Со 18 Август Адинг забелаша 674 “соборени дрва“.