Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Вардарецот Егоров го освои првото место на “Изборното државно првенство“
БОРЕЊЕ! Вардарецот  Егоров го освои првото место на “Изборното државно првенство“

БОРЕЊЕ! Вардарецот Егоров го освои првото место на “Изборното државно првенство“

Викендов во градот на борењето-Радовиш се одржа “Изборното државно првенство“ во борење, на истото свое учество имаа 54 борачи. Имаше неколку интересни борби. Најмногу први места освоија борачите на Балканец кои имаше 4 титули. На истиот свое учество земаа тројца борачи на Вардар.

Црвено-црниот борачки колектив на ова “Изборното државно првенство“ учестуваше со три свој борачи. Од нашиот клуб свое учество забележаа:  Владимир Егоров, Александар Павлев и Иван Викиќ. Најдобар пласман од избранците на шефот на стручниот штаб професорот Љубомир Пешко оствари Владимир Егоров кој го совои првото место. Тој во категоријата  до 57 килограми, борачот на Вардар со “технички туш“ го совлада младиот  Сејфулаху Елмедин од екипата на Лирија. По овој меч имало инцидент каде поголем дел од екипата на Лирија неспорски и неџенталменски се обиделе да се пресметаат со нашиот тренер. Александар  Павлев  исто така имаше одличен резулат, тој до освои 2.место во категоријата до 70 килограми, а третиот борач на црвено-црните Иван Викиќ го освои  место во неговата категорија до 97 килограми.