Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Ново засилување за пионерите на ФК Вардар, Бекир: Ветувам за Вардар ќе оставам “срце на терен“
Ново засилување за пионерите на ФК Вардар, Бекир: Ветувам за Вардар ќе оставам “срце на терен“

Ново засилување за пионерите на ФК Вардар, Бекир: Ветувам за Вардар ќе оставам “срце на терен“

Во составот на пионерите на фудбалскиот колектив ова зимо има неколку нови имиња. Едно од засилувањата за генерацијата предводена на клупа од Сашо Тодоровски е младиот  Зејнула Бекир. Тој за време на паузата премина во ФК Вардар од екипата на ФК Арена Спорт Келн.

Младиот Бекир кој го краси брзината и експлозивноста, но и добрата техничка поткованост во играта,  со фудбалската топка “се дружи“ веќе осум години. Тој своите фудбалски почетоци ги имал во екипата на ФК Гоце Делчев од скопската приградска населба Скопско поле. Тој во екипата на Гоце Делчев ги минал сите претходни категории, Бекир минал повеќе од седум години во овој клуб. Од таму негова следна дестинација е фудбалската школа Арена Спорт Келн каде минал само шест месеца, таму е забележан и е донесен во нашиот црвено-црн клуб. Претходните тренери овој играч го користеле во одбраната, но тренерот на вардарци  Сашо Тодоровски согледувајќи ги неговите физички карактеристики  на овој играч му дава шанса во офанзивата. Бидејќи има помала висина од врсниците, но поседува страшна брзина, техника, подвижност и креативност. Вардар фанс како неуморен  подржувач на младите категории од овој нов играч обезбеди изјава за неговите први впечатоци:

Кратко сум во Вардар, но овде атмосферата е одлична, екипата има на располагање одлични тренери од кој сум досега многу задоволен. Јас сум задоволен и од соиграчите и од стручниот штаб како ме прифатија во ова за мене нова средина. Благодарен сум што сум дел од Вардар, ветувам за овој клуб ќе оставам “срце на терен“- изјави младиот Зејнула Бекир за нашиот сајт.

Михајло Тушевски