Денес е последниот натпреварувачки ден на ракометниот меѓународен турнир во Зрењанин (Србија). Пионерките на Жрк Вардар ќе играат натпревар за петтото место, против екипата на Авала. Инаку во групната фаза забележавме една победа против Јаша Томиќ (12:6) и два порази од Камп Црвенка (9:11) и Таурунум Земун (13:2). Следуваа мечеви за избраничките на Драгана Ристова-Пецевска за пласман од 5-8 место. Прв противник ни беше тимот на Железничар, кој го добивме убедливо со резултат 13:1. Одлично издание за нашите млади надежи на овој натпревар, каде доминиравме во сите сегменти на ракометната игра. Како што напоменавме денес го играме последниот дуел во борба за петтото место против тимот на Авала.