Црвено-црниот кошаркарски колектив изминатата сезона 2015/2016 се натпреваруваше во втората по квалитет македонска кошаркарска конкуренција, одкако година претоа од најниската трета лига веднаш обезбеди промоција во истата. Одигравме одлична сезона со млад тим, особено пролетниот дел беше вистинското кога победувавме се пред себе. Накрајот завршивме како вице-прваци во второлигашката конкуренција зад АБ Охрид. Охриѓани како шампиони обезбедија пласман во првата лига, а вардарци останаа да се надеват на поволен расплет и проширување или пополнување на најсилната мак.кошаркарска конкуренција.
По се изгледа дека шансата е на дофат, одкако екипите кој лани играа во првата лига не се пријавија истото да го сторат и годинава. Раководството на КК Вардар и официјално поднело пријава до канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација во која се бара да бидат промовирани како нови учесници во Првата лига. Се очекува повторно црвено-црните да се базираат на голем број на млади кошаркарки. Односно репрезентативци во М-20 и М-18 селекциите, за потсетување лани доминиравме во младинските лиги каде ги собравме скоро сите трофеи. Интересно е да потсетиме дека кошаркарскиот клуб одлучи сезонава да се натпреварува и кај дамите. Поточно по повод 70 години од основањето на Спорското друшво Вардар повторно на сцена да се врати ЖКК Вардар и двата потега на клубот се за поздравување.