Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го победи Скендербеу со резултат (9-0)
Вардар го победи Скендербеу со резултат (9-0)

Вардар го победи Скендербеу со резултат (9-0)

ФК Вардар се ”прошета” низ 1/16 финалето од Купот на Македонија, и лесно се пласираше во 1/8 финалето. Денеска на убедлив начин, со резултат 9:0, беше победен третолигашот Скендербеу од Порој. Тренерот Седлоски на овој меч истрча со овие 11-мина:

На голот беше Игор Алексовски, во одбраната се најдоа Дарко Глишиќ, Немања Мијушковиќ, Евгениј Новак и Ховханес Хамбарџумјан. Во средината од теренот беа Николов и Глигоров како последни играчи за врска, потоа младиот Ердон Даци, Петар Петковски на десната страна, Влатко Грозданоски на левата крилна позиција, а во нападот беше Џон Обрегон.  На клупата за резерви се најдоа: Филип Гачевски, Виктор Велкоски, репрезентативецот Стефан Спировски, Есмин Личина, Хуан Фелипе, Владица Брдаровски и Џонатан Боарето.

Вардар во првиот дел направи голем број на шанси, тимот на Скендербеу се закани само еднаш, и тоа на почетокот на мечот кога имаше добра шанса да го загрози голот на Алексовски, но топката отиде високо над  нашиот гол. Се до крајот на првиот дел играше само една екипа. Прв погоди Глишиќ со одличен удар од над 23 метри за 1-0. Потоа во листата на стрелците се запиша и Новак по асистенција на Глишиќ. Третиот гол за нашиот тим беше дело на Обрегон, а четвртиот го постигна Хамбарџумјан со удар од белата точка. За ”петарда” на полувреме се погрижи Петар Петковски со гол во 44 минута од натпреварот. Во првиот дел во игра влезе Брдаровски на местото на повредениот Ердон Даци кој го напушти теренот.

Во вториот дел Вардарци продолжија да ја полнат мрежата на домаќинот. На почетокот на вториот дел Скендербеу имаше две шанси да постигне погодок, но Алексовски одлично интервенираше на два наврати. Потоа следуваше доминација на Вардар како и во првиот дел. Голеадата ја продолжи Грозданоски, кои доби одлична топка од Обрегон за 6-0. Грозданоски уште еднаш погоди, овој пат за 7-0 во 62 минута по топка добиена од Брдаровски. Во 66 минута по една грешка на голманот на домаќинот, Петковски погоди рутинирано за веќе 8-0. Деветиот гол на овој натпревар беше дело на Обрегон. Обрегон во 70 минута по додавање на Грозданоски погоди за убедливи 9-0. Крај на натпреварот. Вардар застана на девет погодоци.