Во „малото финале“ беа подобри од Бадел 1862 (82:64) доволно за бронзени медали на турнирот во Делчево. Младите кошаркарки на Вардар се освојувачи на третото место на завршниот турнир од М16 лигата-жени, кој овој викенд се игра во Делчево.
Иако првата четвртина им припадна на кошаркарките на Бадел 1862, со сосема солидни (24:20), во продолжението од натпреварот, девојките во „црвено-црна“ комбинација ја преземаа контролата над играта, и на резултатот. До полувремето, направија пресврт, поведоа со (40:31). Но тука не застанаа, напротив, како одминуваа минутите, така растеше и нивната предност. До крајот на третата четвртина веќе имаа недостижни (65:51).
До бронзените одличја ги водеше одличната Ања Начевска, која направи неверојатен дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 33.поени и 11.скока (плус и три додавања) за 31:43 минути во игра. Но имаше одлични партнерки во нападот во Пишлевска, која уфрли 13, и Мартиновска, стрелец на десет поени. Кај Бадел 1862, Алексова даде 19.поени, Стојковска 13, а Димковска уште 11.поени
МЛАДИНСКИ ЛИГИ – М16-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ
Патриот 2016 – Вардар 68:58
Бадел 1862 – Тим Арена 48:55
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Бадел 1862 – Вардар 62:84