Една година откако за секогаш си замина младиот ракометар Марко Божиновски фондацијата објави дека ќе биде организиран турнир во негова чест.
Од 14 до 17 јуни во Скопје, во спортскиот центар што го носи името „Марко Божиновски“, ќе се одржи ракометен турнир на кој се најавени осум екипи, а ќе има и меѓународен карактер затоа што меѓу најавените екипи се и Војводина од Нови Сад и Нексе од Нашице.
Се работи за турнир во кадетска конкуренција, за екипи до 18 години.
Од македонските екипи, би требало да ги видиме Вардар, Е. Пелистер, Бутел Скопје, Тинекс Пролет, Алкалоид и Голден Арт.