Заврши сезоната во женската ракометна сениорска лига, познат е шампионот и остатокот од табелата. Кога сме кај стрелците во целата лига на топ-10 листата има место за две вардарки.
На позицијата број три е Ангела Гроздановска, девојката која сезоната ја одигра во Спартак и пред крајот на истата стави потпис со црвено-црните. Старо-новиот играч на Вардар има неверојатни 204.гола со кои на листата на стрелции е на одличната третта позиција.
На последното место во топ-10 е крилото на црвено-црните, ракометарката која за вардаровиот тим постига оваа сезона 135.погодоци, девојката која и во идната сезона ќе биде дел од нашиот тим, Ивона Трпевска.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, ЖЕНСКА ЛИГА, ТОП 10
- Емилијана Ризоска (Феникс) 255
- Марија Анчева (Астибо) 229
- Ангела Гроздановска (Спартак) 204
- Магдалена Делиоска (Стружанка) 197
- Марија Јанкуловска (Пелистер) 195
- Драгица Митрова (Гевгелија) 190
- Елена Вучевска (Овче Поле СУ) 152
- Јована Кипријановска (Куманово) 142
- Анастасија Ѓорѓиева (Кузман Вардар) 137
- Ивона Трпевска (Вардар) 135