Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардарова доминација во Купот, третта година по ред завршуваме како лидери во квалификациите пред сите
Куглање! Вардарова доминација во Купот, третта година по ред завршуваме како лидери во квалификациите пред сите

Куглање! Вардарова доминација во Купот, третта година по ред завршуваме како лидери во квалификациите пред сите

Вчера во кугларницата “Мусандра“ се одвиваа квалификациите за Купот на Република Македонија во куглање. На овие третти по ред квалификации откако Вардар едноподруго учествува треттпат земавме учество и третти пат доминиравме. Повторно како лани и полани црвено-црната доминација беше неминовно, и сите други тимови мораа да се задоволат со местата зад нас.

Вардарци одиграа феноменално на квалификаците, умешно дигигирани од тренерот Драги Димитровски кој покажа дека знае да ги мотивира повторно за ова натпреварување. Пред две сезони поради форматот на Купот по квалификациите добивме веднаш Пехар и станавме шампиони во ова натпреварување. Лани го повторивме успехот, годинава сите очекуваа после доминицијата во МКЛ на екипата на шампионот КК Макпетрол да биде најдобар колектив на ова натпреварување, сепак нашите момци им ги распаа прогнозите и очекувањата на многумина.

“Џокерот“ М.Згонц!

“Џокерот“ М.Згонц!

Од серија во серија одигрме одлично, атакувајќи на врвот. Оваа сезона тоа е посебен успех ако се земе во предвид дека за разлика од лани годинава загубивме двајца играчи во тимот кои беа во врвот. Сепак овој пат мора да кажеме дека победи тимскиот дух. Најдобар повторно беше Димитар Димитровски кој на цели квалификации од сите играчи имаше прв скор 609 “соборени дрва“.  Мора да истакнеме дека вистински “џокер“ се покажа М. Згонц кој играше последен. Тој почна со минимална предност и се очекуваше да Макетрол не мине во таа серија, но Згонц даде 101% од себе. Како никогаш до сега “блесна“ собори 581 “дрво“ со што имаше скор зад Димитар и го пласираше Вардар на врвот. Зад нас заврши повторно третта година по ред КК Макпетрол, а трет беше тимот на КК ГТЦ.  Дарко Димитровски беше феноменален со 573, исто така сосема тимски одлично одигра и Младен Донковски со 557 “соборени дрва“. Покрај нив играа и Димовски Миле кој додаде 555 “дрва“ и Поп Крстев/Митиќ кои имаа 228/260 “дрва“.

Со овој успех како лидери во квлалификациите ја добивме најслабо рангираната екипа од 4-те кои минаа екипата на КК Херклеа од Битола со која ќе играме двомеч. Екипно соборивме 3363 “дрва“ со што бевме први, зад нас е актуелниот шампион КК Макпетрол со 70 “дрва“ задоцнување, а третиот КК ГТЦ имаше помалку речиси 100 “дрва“. Покажавме дека кога ќе се мотивираме без разлика на калитетот со кој моментално располагаме и се натпреваруваме особено во Купот “блеснуваме“ па така ниту еден друг колектив неможе да помисли на врвот пред црвено-црниот состав.