Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Куманово без шанси за разиграните Вардарци на Зоран Петковски
Куманово без шанси за разиграните Вардарци на Зоран Петковски

Куманово без шанси за разиграните Вардарци на Зоран Петковски

Екипата на РК Вардар 2 стигна до нова победа во рамките на првата ракометна лига. Денес црвено-црните гостуваа на Куманово кој го совладаа со резултат 28:37.

Во првите 3 минути се играше гол за гол, за понатаму Вардарци први да се одлепат резултатски и да поведат со 2:5. Домашниот тим намали за момент на 4:5, но избраниците на Зоран Петковски враќаат со два нови гола за повторно да имаат три разлика (4:7). Сепак Куманово не се предаваше и не дозволуваше на Вардар брзо да се одлепи и во следните минути го израмнува резултатот на 7:7. Овој млад состав оваа сезона покажа дека знае да игра добар ракомет и на овој натпревар тоа го демонстрираше на најдобар можен начин. Имаа ново водство од 8:10, за Куманово да врати со гол и да намали на 9:10, но нашиот тим со нова серија од 0:3, за прв пат стигнува до највисоки четири голови предност (9:13). Оваа разлика се одржа и по истекот на првите 30 минути, иако Вардар во два наврати имаше и предност од пет голови. На одмор се замина со резултат 14:18.

На стартот на вториот дел, екипата на Куманово намали на 15:18, но повторно младите Вардарци постигнуваат три последователни голови и стигнуваат до највисоки шест голови разлика (15:21). Како течеше мечот игравме се подобро и константно го зголемувавме водството, кое во еден момент гласеше 17:24. Во следните седум минути ја одржувавме истата предност, кога резултатот на семафорот гласеше 20:27. Куманово немаше сили да се врати во натпреварот, најмногу што успеа да стори е да намали на 24:30. Вардар пред крајот на мечот имаше и двоцифрена предност од 26:36. На крајот конечниот резултат гласи 28:37.

Најефикасен во нашите редови беше Марко Мишевски со 7, додека Дамјан Трајковски постигна 5 голови.

РК Вардар 2: Петковски, Дамчески 2, Чакалиќ 2, Крстевски 4, Мишевски 7, Трајковски 6, Димитров 2, Апостоловски 1, Гичев 5, Лазов, Ѓоршовски 3, Брауновиќ, Стошиќ, Амзоски 2, Атанасовски 1, Стојановски 2. 

Во следното претпоследно коло го пречекуваме лидерот, тимот на Младост од Богданци. Ова ќе биде натпревар кој ќе го даде патникот во најсилната супер лига за следната сезона.