Вардар за малку не успеа да испише историја и да ја освои лигата на шампиони. Екипата на Ѓер успеа дури по две продолженија да не порази минимално (31:30) и да стане новиот владател на Европа, симнувајќи го од тронот тимот на ЦСМ Букурешт. Утеха за Вардар е секако признанието на Андреа Пенезиќ за најдобар стрелец оваа сезона во ЛШ. Пенка имаше уште една одлична сезона зад себе и го повтори успехот од минатата сезона, кога заедно со Неагу го поделија признанието за најефикасна ракометарка, кога имаа по 102 постигнати голови.
Оваа сезона, Пенезиќ заврши осамена на врвот со 98 голови. Второто место е за Изабел Гулден од Букурешт која имаше 92 погодоци, додека на третото и четвртото место завршија Неагу со 90 и еден помалку, или 89 погодоци за Булатовиќ од екипата на Будуќност. За најкорисен играч, или МВП на завршниот турнир е прогласена Нике Грот.