Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Блескава историја! Моментално дури 19 “Национални рекорди“ се во сопственост на АК Вардар
Блескава историја! Моментално дури 19 “Национални рекорди“ се во сопственост на АК Вардар

Блескава историја! Моментално дури 19 “Национални рекорди“ се во сопственост на АК Вардар

АК Вардар е еден од најстарите црвено-црни колективи тој е формиран 1947 година заедно со ФК Вардар. Во минатото важеше за расадник на атлетски таленти кои потоа стануваа врвни атлетичари. Голем број на Репрезентативци излегоа од црвено-црниот дрес.  Истите ја креваа резултатската “летвичка“ со нови Национални рекорди. Сеуште недопрени стојат дури 19 рекорди во сите категории. Далечната 1950 година во Марибор Лазо Милосевски го постави првиот рекорд. Последниот во 1997 во Охрид го постави Илија Манолев. Во прилог ви ги даваме  црвено-црните “Национални рекорди“ кој ги поседува АК Вардар :

Сениори

1. Скок со стап, 3.90 метри, Владимир Карер, 15.08.1968 во Ливорно 

2. Скок во далечина, 7.15 метри, Зоран Тасевски, 15.05.1976 Скопје

3.  Диск (2кг)-Илија Манолев, 50.62, 26.04.1997 Охрид

4.  4 х 100 метри 42.8 (Силјановски, Пијаковски, Ангеловски, Сацевски) 1985 Скопје

6. 300 метри, 33.7 Лазо Милосевски 1950 Марибор

7. 200м “Прешки“ 27.4, Велко Брајовик, 1966 Скопје

Младинци под 20 години

8.  2.000 метри стипл 6:47 Трпе Мартиновски, 1983 Марибор

9.  Скок со стап, 3.90, Владимир Карер, 15.08.1968 Ливорно

10.  400 метри, 48.05, Сокол Сацевски 31.05.1980 Скопје

11.  Трискок 14.62, Бранко Стојановски, 17.07.1971 Атина

12.  4 х 100 метри 43.5 (Карер, Ерзиев, Паневски, Тасевски)1968 Скопје

13.  4х400 метри 3:30:00, 1967 Скопје

14. 60 метри, 6.8, Сокол Сачевски, 1980 Скопје

15. 300 метри, 34.7 Сокол Сачевски 1980 Скопје

Младинци под 18 години

16. 100 метри, 10.7, Сокол Сачевски, 1978 Скопје

17. 60 метри, 6.9, Сокол Сачевски, 1978 Скопје

Сениорки

17. Скок во далечина, 5.81, Елизабета Павловска 10.07.1990

18.Копје, 43.98, Лила Петрушевска, 02.06.1985 Скопје

19.Седмобој, 4574 поени. Елизабета Павловска. 01.07.1990, Љубљана