Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Вардарците Стоилов и Манасков погодија во 40 секунди за славје на Македонија
(ВИДЕО) Вардарците Стоилов и Манасков погодија во 40 секунди за славје на Македонија

(ВИДЕО) Вардарците Стоилов и Манасков погодија во 40 секунди за славје на Македонија

Судбината сакаше во последните четириесетина секунди од мечот помеѓу нашата најдобра машка ракометна селекција и таа на нашиот северен сосед, двапати да погодиме во мрежата на Станиќ и двата погодока да бидат дел на играчи на нашиот црвено-црн ракометен колектив. Нашиот пикер Столе Стоилов и крилниот играч Дејан Манасков беа стрелци на тие исклучително важни погодоци за Македонија.

Најпрвин по еден напад кој Станиќ успеа да го одбрани на 45 секунди до крајот во моментите кога Србија имаше гол плус Столе мајсторски дојде до таа топка и изедначи со што во тој момент имавме резултат за идење понатака во втората групна фаза на Европското првенство  Полска 2016.  За жал Србите поведоа со еден гол во следниот напад со играч помалку, а на црвено-жолтите им останаа само 11-12 секуниди за чудо. Во нападот во кој Стоилов беше влезен со маркер на местото на Борко Ристовски топката дојде до Манасков кој на извонреден начин го совлада Дарко Станиќ за ерупција од воодушевување кај публиката во црвени-жолто во салата и кај нашите репрезенативци. Овие три последни погодока погледнете ги во продолжение низ ЕХФ видеото, во кое е прикажано сето ова.