Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Вардарци “полетаа“ за Анталија

(ФОТО) Вардарци “полетаа“ за Анталија

vardarfans vardarci poletaa za antalija

Македонскиот фудбалски шампион, екипата на Вардар утрово замина за Анталија, каде во наредните 25 дена ќе ги одбработи подготовките во пресрет на пролетниот дел од натпреварувачката сезона. Тренерот Седлоски со себе понесе 28 играчи, меѓу нив се и двајца играчи од младинскиот состав, како и Христијан Денковски. Тука се и новите засилувања Дамир Којашевиќ и Драган Ќеран.

За време на претстојот во Анталија, црвено-црните ќе одиграат пет подготвителни натпревари, првиот е закажан за на 26-ти јануари против екипата на АЦ Волфсбергер (Австрија). Според планот Вардарци ќе останат се до 14-ти февруари и ќе бидат сместени во луксузниот хотелски ресорт „Калиста“