Нашиот црвено – црн шампион веќе е пристигнат во Анталија Турција. Момците на ФК Вардар во наредните 25 денови ќе ја ”потковуваат” формата, и ќе ја темпираат за најдоброто во ПМФЛ. Како што е добро познато за Анталија заминаа вкупно 28 фудбалери. Првиот натпревар во Анталија Вардарци ќе го имаат на 26-ти јануари, кога силите ќе ги одмерат со тимот на Волфсбергер oд Австрија.
Xотелски ресорт „Калиста“
Им посакувме на Вардарци да имаат одлични подготовки, и да ни се вратат во Скопје подготвени за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.