Monday ,14 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Позната новата групна фаза за нашата ракометна репрезентација
Позната новата групна фаза за нашата ракометна репрезентација

Позната новата групна фаза за нашата ракометна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација со нерешениот резултат во дуелот против Србија, обезбеди пласман во следната групна фаза. Неизвесен натпревар до последната секунда, на кој на крајот се радувавме ние. Се играше доста израмнето во текот на целиот натпревар, на кој двете репрезентации не успеаа да се одлепат на повеќе од два гола разлика. Нерешениот резултат беше актуелен и по првите 30 минути (13:13).

Така продолжи и во второто полувреме, па во последните минути се влезе во инфаркт“ завршница. Србија на два пати имаше предност и беше во поволна ситуација, но нашите јунаци и во двата наврати возвратија со погодок. Најпрво при предност на Србија од 26:25, Столе Стоилов успеаа да го израмни резултатот на 26:26. Следуваше тајмаут на Дејан Периќ, после кој неговите избраници со голот на Џукиќ имаа резултат кој ги водеше понатаму. Сепак во последните 10 секунди, нашите 7 спроти 5-те ракометари на противникот излегоа како победник, па Манасков речиси со звукот на сирената успеаа да го совлада Станиќ на наша голема радост. Убедливо најефикасен беше Манасков со 10 голови, Стоилов беше стрелец на 5 погодоци, додека Лазаров не постигна гол. На спротивната страна, Марсениќ го заврши мечот со 2 постигнати голови, додека Абутовиќ имаше само одбранбени задачи.

Репрезентацијата на Хрватска за која настапуваат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, успешно се врати после “неочекуваниот“ пораз од Норвешка, прегазувајќи ја селекцијата на Исланд. Сосема ново “лице“ за избраниците на Жељко Бабиќ на овој дуел. Водството на Хрватска не беше ниту во еден момент загрозено. На полувреме се замина со предност од 19:10, додека конечниот резултат гласеше 37:28. Карачиќ го заврши мечот со 1 постигнат гол, додека Циндриќ не се запиша во листата на стрелци.

Домаќинот Полска успеаа да направи големо изненадување и да ја совлада селекцијата на Франција со резултат 31:25. Така веќе е позната новата групна фаза, во која ќе се натпреварува нашата репрезентација. Норвешка и Полска ќе стартуваат од првите две позиции со 4 бода, Хрватска и Франција имаат по 2, додека Македонија и Белорусија ќе започнат без бод. Првиот меч за Македонија, ќе биде веќе утре против репрезентацијата на Хрватска.