Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Денес од 10-00 часот Егоров настапува на Европското првенство (стрим во живо)
Борење! Денес од 10-00 часот  Егоров настапува на Европското првенство (стрим во живо)

Борење! Денес од 10-00 часот Егоров настапува на Европското првенство (стрим во живо)

Репрезентативецот и вардаров борач Владимир Егоров денес во 10 часот го почнува настапот  на Европското сениорско првенство во борење слободен стил во Нови Сад. Нашето момче Егоров (57 кг) имаше тешка ждрепка и го доби за противник  Залум Угуев од Русија.

Ја исконтактиравме вардаровата делекација во Србија која ни кажа дека од организаторот биле известени дека “нелегитимното раководство на ФБСМ“- стрикно барало никако да не се издаваат акредитации на вардаровата делегација која е присутна на Европското првенство во Нови Сад. За напомена тоа се истите они “квази експерти“ во фотељите кои не му дозволија настап на ЕП до 23 години во Унгарија на Егоров.

bk

Таму Владимир беше голема надеж да донесе медал на Република Македонија. Несомнено е дека ова раководство се однесува како да федерацијата е нивна приватна сопственсот или наслетсво од нивните родители, а не македонска федерација која треба на прво место да го има македонскот борење пред и после с`е.  Сепак Влади ќе ја има најголемата поддршка од Вардаровиот стручен штаб. Почеток на 1/8-финалната борба е во 10-00 часот.

Следете ги Македонските репрезентативци во живо и навивајте :

https://unitedworldwrestling.org/event/european-championships-0