Нема одмор за Вардар. Утре шампионот на Македонија го очекува нов првенствен натпревар, овој пат во Штип кај тимот на Брегалница. Овој натпревар ќе биде во рамките на 31. коло.
Вардар чекори сигурно кон нова шампионска титула. На нашиот тим му се потребни уште две победи за теоретски да стане старо – нов шампион. Екипата на Брегалница пак, грчевито се бори за опстанок во лигата. Штипјани имаат шест бодови негатива во однос на Победа, која се наоѓа на осмото место на табелата.
Резултати на двата тима оваа сезона:
Вардар – Брегалница 5:1
Брегалница – Вардар 0:1
Вардар – Брегалница 2:0
Натпреварот ќе започне со почеток во 16-00 часот.