Денес по исклучиво топло и непријато време за натпреварување во нашиот главен град Скопје се одржа трка на 5 километри. На “Десетта трка на 5 км – NIKE Лига во трчање“ стартот и целта е на патеката беа на кејот на реката Вардар – Кај Жабарот, веднаш до скејт паркот. Се трчаше по асфалтираната патека до мостот кај Хотелот Александар Палас и назад (точно 5км). На истата се натпреваруваше еден преставник на црвено-црниот атлетски клуб Вардар.
Младиот Дејан Василевски настапи на оваа делница од 5000 метра, на жешко време и супстандардни услови за натпреварување. Тој истча одлични за него 21-20, што е одлично време за 5000 метра, за напомена Василевски на минатиот настап на оваа “Десетта трка на 5 км – NIKE Лига во трчање“ истрча 23-03. Младиот Василевски по истчаниот маратон од 42 километри на “Скопскиот маратон“ се определи искуството од истиот да го преточи во натпреварување на пократки патеки.
Како што претходно најавивме, ова лето и периодот понатаму, целни трки ми се трките на 5 и 10 километри. Со Мартиновски одлучивме дека е време да направиме и еден понов тест на патека со оваа должина, за да се организираат тренинзите понатаму. Некој од наредните викенди ќе се прави тест и на 100м, 400м и 1000м, на стадион, но во рамки на тренинг не трка. Тестот за трка од 5 километри решивме да го направам денес, на Nike трките, на кои за последен пат имав постигнато резултат од 23:03 минути. Последниот тренинг пред трката, го имав вчера, заедно со мојот тренер, кој процени дека ќе одам 4:15 по километар, со оглед и на жешкото време кое се очекуваше. Трката ја финиширав успешно, со освоено 20 место, и тајминг идентично како предвидениот (4:16/км), со време од 21:20 минути и нов личен рекорд на оваа дистанца.- изјави Василевски за Вардар фанс.