Утре нашиот ФК Вардар ќе го одигра првиот пријателски натпревар на подготовките во Австрија. Противникот на нашите момци ќе биде познатиот австриски тим Штурм од Грац. Овој натпревар би требало да се одигра утре со почеток во 16 часот, но чекаме официјална потврда од нашиот клуб за точниот термин.
Штурм важи за еден силен противник, изминатата сезона австријците завршија на петтото место во првата австриска лига, имаа голема шанси да се пласираат во квалификациите од Лигат на Европа, но на последните пет првенстевни меча не запишаа ниту една победа, што ги смести на петтата позиција на табелата зад: Салзбург, Рапид, Австрија Виена и Адмира. Утрешниот натпревар ќе оди преку видео стрим на официјалниот канал на Штурм. Сите љубители натпреварот можат да го погледнат подолу.