Момците на КК Вардар од селекцијата до 14.години по трите победи во првите три кола, вчера го забележаа и првиот пораз на турнирот во Чешка.
Нашите момци одлично го започнаа мечот, но клучна беше последната четвртина кога домаќинот беше поуспешен. Одличен настап и три победи имавме на оваа младинска кошаркарска европска лига, односно на првиот турнир од истата. Единствен пораз беше вчерашниот против домаќинот Острава (Чешка) со резултат 86 : 63.
Најдобар стрелец на целиот турнир беше играч на КК Вардар, станува збор талентираниот Бојан Величковски.