Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар денес домаќин на Чаир во 1/2-финалниот плеј-оф
Вардар денес домаќин на Чаир во 1/2-финалниот плеј-оф

Вардар денес домаќин на Чаир во 1/2-финалниот плеј-оф

Тимот на Чаир 2030 кој беше лидер по крајот на регулариниот дел во првата средба на домашен терен од полуфиналето во плеј-офот успеа да ја совлада екипата на КК Вардар. Истите противници го играат вториот дуел од оваа серија.

Натпреварот е закажан за денес, 11.мај со почеток во 19-00 часот, во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје. Момците на Александар Јованчев ќе се обидат да се вратат во игра и да изедначат на 1-1 во ова соочување на скопските ривали кои посакуваат промоција во Првата лига.