Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар одличен, на првиот ден е во топ-8 на Светскот куп

Куглање: Вардар одличен, на првиот ден е во топ-8 на Светскот куп

00000

Кугларскиот шампион на Република Македонија за сезоната 2020/2021, тимот на КК Вардар вчера започна со  настапат на најсилниот меѓународен кугларски собир, местото каде што доаѓаат најсилните екипи, Светскиот куп 2021.

На овој меѓународен официјален куларски собир ќе играме како преставици на нашата земја со „кремот на куглањето“, многу звучни имиња се тука. Вчера,  кај вардарци, на Светскиот Куп, Дарко Димитровски  имал супер настап со соборени 594 „дрва“, а Јанковиќ Саша зад своето име впиша бројка од 549. По овој прв натпреварувачки ден ние сме во топ-8 екипи.

Денес ќе настапат двајца нови црвено-црни куглари, а утре уште двајца.