Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Михаела Вељаноска новиот „дијамант“ на кадетската екипа на Вардар, кој ќе го „брусат“ Платон и Папуџиева
Михаела Вељаноска новиот „дијамант“ на кадетската екипа на Вардар, кој ќе го „брусат“ Платон и Папуџиева

Михаела Вељаноска новиот „дијамант“ на кадетската екипа на Вардар, кој ќе го „брусат“ Платон и Папуџиева

Кадетската екипа на женскиот клуб Вардар доби одличен играч во младата и таленирана, Михаела Вељаноска од Кичево. Голем потенцијал со светла ракометна перспектива, „дијамант“ кој треба да го брусат најдобрите тренери за млади девојки во земјава Платон Анжела и Папуџиева Марија.

244132874_3045114605816111_7644094587667462555_n-2

Младата вардарка беше дел од Ракометната Академија на Вардар, поточно беше член на РК Кале Кичево кај тренерот Драган Кузе.  Кај оваа девојка ракометот е семејна љубов, нејзинот брат е дел од скопскиот тим, екипата на Металург. Станува збор за комплетна личност, млада дама која има високо ниво на талент и ракометна интелигенција, таа и во школските обврски е одличен ученик, што покажува дека станува збор за капацитет во полна смисла на зборот.

244013935_551655005944584_5678665406063478745_n-2

Останува само вредно да работи, ги има сите предуслови како талениран млад ракометар, таа е дел од сериозен тим како Вардар со одличен стручен штаб во младинската екипа на црвено-црните.