Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Некогаш беше големо дерби, сега Вардар е тотален фаворит за лесна победа!
Некогаш беше големо дерби, сега Вардар е тотален фаворит за лесна победа!

Некогаш беше големо дерби, сега Вардар е тотален фаворит за лесна победа!

Овој викенд продолжуваат возбудувањата во ракометната Суперлигата на Македонија. Вардарци по перфектиниот старт и петте убедливи победи, овој викенд на домашен терен ќе атакува на шеста во низа, а противник ќе биде тимот на Металург.

Некогаш овој натпревар беше големо дерби на Македонија што се чекаше со недели, а сега е само еден натпревар каде што Вардар е тотален фаворит, можеби најголем во последните 10 години. Металург оваа сезона се соочува со големи играчки проблеми, а за тоа говори и табелата каде по пет одиграни натпревари имаат само една единствена победа.

Овој дуел ќе биде подготовка за екипата на Вујовиќ пред натпреварот во среда во рамките на ЛШ, против екипата на Монпелје. Јасно е дека Вујо во домашната лига игра со претежно играчи кои добиваат помала минутажа, односно дека ќе ги одмори главните играчи пред исклучително тешкиот и важен натпревар во среда.

Дуелот на Вардар и на Металург во сабота е предвидено да се одигра од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.