Вардаровиот борач, Нуров во петокот од Москва замина за Владивосток каде ќе ја одработи последната фаза од подготовките за олимписите игри во Токио. Потоа на 1.август според планот заедно со руската репрезентација во борење ќе лета за главниот град на Јапонија и ќе се смести во „олимпиското село“.
Натпреварите до 97.килограми се предвидени на олимписката програма за 6/7.август кога ќе настапи нашиот репрезентативец.
Светската боречка организиација го потврди рангирањето за Олимписмките игри во Токио. Важно за нас е како што знаеме рејтингот на Нуров, кој е во фаворитите 4 учесници, благодарение на рејтинговите турнири.
Така да првите 4 никако на ждребувањето не би требало да се сретнат еден со друг , доколку Нуров на ждребувањето ги избегне “незгодни борачи” Одикадзе (Грузија) и Хуштин (Белорусија) слободно можеме да се надеваме на 1/2 финале и борба за одличје.