Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Промени во распоредот во ЛШ, три кола по ред Вардар ќе биде домаќин

Промени во распоредот во ЛШ, три кола по ред Вардар ќе биде домаќин

ЕХФ го потврди распоредот за првите десет кола во Лигата на Шампионите, а таму има промени, во однос на првичниот распоред кој го објавивме.

Промените за Вардар доаѓаат на натпреварите против екипите на Алборг и ППД Загреб.

Така, вардарци во рамките на 3.коло, наместо гостување против Загреб, ќе одиграат домашен дуел против Алборг, тоа значи дека на три последователни дуели, црвено-црните ќе бидат домаќини во С.Ц. Јане Сандански. Нема промени во однос на стартот од сезоната, која ја започнуваме со гостување во Норвешка, додека првиот домашен дуел е против екипата на Мешков Брест.

1 коло: 15/16.09, Елверум – Вардар
2 коло: 22/23.09, Вардар – Мешков Брест
3 коло: 29/30.09, Вардар – Алборг
4 коло: 13/14.10, Вардар – Монпелје
5 коло: 20/21.10, Алборг – Вардар
6 коло: 27/28.10, Вардар – Кил
7 коло: 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар
8 коло: 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед
9 коло: 01/02.12, Кил – Вардар
10 коло: 08/09.12, Загреб – Вардар
11 коло: 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло: 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло: 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло: 09/10.03, Вардар – Елверум