По смирување на пандемијата повторно започнаа во скратен формат одигрувањата на дуелите во младинските кошаркарски лиги. Вчера две екипи на КК Вардар имаа свој настапи, тимовите М16 и М18.
Помладите момци, екипата на КК Вардар М16 се сретна со тимот на КК Партизан Водно Санс и дојде до убедлива победа. Црвено-црните надежи кои доминираа во сите четири периоди триумфираа со високи 53.поени предност, успехот го остварија со резултат 127-74.
Повозрасниот тим, КК Вардар М18 одигра израмнет дуел со врсниците од истиот тим, противникот успеа да победи со само три поена повеќе. КК Партизан Водно Санс М18 оствари победа со 83-80 на ова соочување.