Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Дуелот на Вардар(А) со ЖКК ГТЦ последна „контролка“ пред дербито за титула со Макпетрол
Дуелот на Вардар(А) со ЖКК ГТЦ последна „контролка“ пред дербито за титула со Макпетрол

Дуелот на Вардар(А) со ЖКК ГТЦ последна „контролка“ пред дербито за титула со Макпетрол

Денес, понеделник (31.мај), кугларската екипа Вардар-А ќе го одигра последниот дуел во Македонската кугларска лига пред големото дерби со Макпетрол, натпревар кој има оваа сезона голема тежина. „Пумпашите“ се пред нас само еден бод по досегашните кола па победникот во овој натпревар ќе стави „една рака“ на пехарот. По подолго време имаме возбудлив расплет околу лигата каде речиси две децении сино-жолтите освојуваат титули.

Напреварот денес кој започнува во 17:00 часот е последен пред дербито, истиот се игра во „Мусандра“ наш ривал е тимот на ЖКК ГТЦ Мусандра. Вардар е фаворит против дамите, она што оваа сезона е за пофалба е што црвено-црните дадоа многу за мак.куглањето имаат два тима А и Б каде вратија дузина куглари во активен статус.

Денешниот дуел  е натпревар од 9.коло во Македонската кугларска лига.