Во рамки на 15.коло, нашиот КК Вардар, викендов беше домаќин на тимот на Партизан Водно Санс.
Црвено-црните на дуелот во салата „Кале“ успеаа да дојдат до вредна победа и да ја задржат позицијата број два на табелата. Момците на Александар Јованчев на оваа средба триумфираа со 12.поена повеќе во однос на градскиот ривал. Победата за вардарци беше остварена со резултат 97:85 во наша корист.
Во следното, 16.коло не очекува еден од најтешките натпревари, гостување кај тимот кој има исто бодови како и нас и со кој ја делиме 2.позиција на табелата, екипата на Соколи 1933.