Убави вести ни доаѓаат од шампионот на Македонија, РК Вардар 1961. Еден од најдобрите играчи на тимот, а воедно и главен организатор на играта, хрватскиот репрезентативец Анте Гаџа оваа недела се враќа на тренинзите на својот тим и ќе биде подготвен за идната недела и дуелот на домашен терен против Елверум.
Отсуството на Анте се осети во играта на Вардар, посебно на оние СЕХА натпревари против Нексе, па токму затоа ќе биде од голема значајност неговото враќање за клучните натпревари како во домашното, така и во ЛШ.
Гаџа оваа сезона во ЛШ постигна 28 погодоци во дресот на Вардар.