Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да ги суспендира руските и белоруските екипи од сите свои натпреварувања.
ЕХФ на денешниот итен состанок ги донесе следните одлуки:
- Со непосреден ефект, суспендирани се репрезентациите на Русија и Белорусија, како и руските и белоруските клубови кои се натпреваруваат во европските ракометни натпреварувања. Ова важи до понатамошно известување и се однесува на сите тековни натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво.
- Судиите и официјалните лица од Русија и Белорусија нема да бидат номинирани за идните натпревари до дополнително известување. Предавачите и членовите на комисијата од Русија и Белорусија нема да бидат повикани на идните состаноци и активности.
- Ќе се бараат нови организатори за „YAC 16 EHF Handball EURO“ и за квалификациските турнири за ракомет на плажа ЕП 2023. Двата настани требаше да се одржат во Москва во јули 2022 година.
Ова значи дека дуелот кој требаше да се одигра на Мешков Брест и Вардар ќе биде регистриран со службена победа на тимот од Скопје, кој со оваа победа е многу блиску до 1/8 финалето во ЛШ, односно ќе чека пораз на ППД Загреб или Елверум во ова коло.