Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 3.коло плеј-оф! Вардар останува лидер, победа на сите фаворити

Преглед 3.коло плеј-оф! Вардар останува лидер, победа на сите фаворити

Изминатиот викенд се одигра 3.коло во плеј-офот од женската ракометна сениорска лига. Четирите екипи кои се на врвот на табелата и кои ќе атакуваат на круната дојдоа до победи на своите соочувања со тимовите зад нив.

Сите беа домаќини и остварија лесни домашни победи, екипите на  Ѓорче Петров и Куманово ги совладаа тимовите на Стружанка и Пелистер со двоцифрена предност. Единствено, ЖРК Металург победи со едноцифрена разлика против солидниот тим на РК Чаир во Автокоманда. Девојките на Ристова и Царчев ја „разбија“ екипата на Деспина во Јане Сандански. Вака изгледаат резултатите од ова коло:

*Со клик на било кој пар може да се погледнеднат повеќе детали за дуелите, записник.

1

На табелата по победата на првите четири тима на истата останува распоредот како и од минатото коло, Вардар и понатака е лидер на табелата со максимални 13.бодови на своето конто. Табелата во плеј-офот по одиграни три кола од истиот изгледа вака:

11

Следи пауза во лигата идниот викенд  поради ЕХФ неделата, потоа ќе се одигра 4.коло во кое ова се паровите: