Денес, македонскиот борач, Магомедгаџи Нуров елиминиран е во четвртфиналето од Олимписките игри во Токио, со што неговите шанси за медал остануваат во репасажот.
Рано наутро по македонско време најпрвин во осминафиналето Нуров го победи Мохамед Садауаи со 5-0. Потоа во четвртфиналето, во категоријата до 97 килограми, Нуров загуби од Кубанецот Реинерис Салас Перес. Имаше солиден настап прикажа борбеност, сепак ривалот славеше со 6-4, благодарение на одлично одработената прва рунда, во неа направи добар зафат, како контра-напад на обидите на Нуров и освои четири поени. Нуров изедначи на 4-4 во втората рунда, со два пати по два поена, но Салас Перес го врати водството и го сочува до крајот.
Очекуваме расплет во полуфиналето па ќе знаеме дали нашето момче ќе учествува во репасажот. Самиот пласман на олимпијадата е голем успех, кубанската школа за борење е една од најјаките во светот. Без разлика како ќе се пласира на ОИ, нашиот Нуров прикажа желба и се бореше за Македонија од срце.