Шампионот на Македонија, кугларскиот тим на „Вардар“ ги започна летните подготовки. Во вторникот (3.август) во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје се одржа првиот собир на црвено-црните.
Вардарци се подготвуваат за есенските предизвици, ги очекува бурна и тешка сезона. На домашен терен ќе имаат тешка задача да ја одбранат титулата од Макпетрол, тим кој по 19.години го симнаа од тронот. Ќе ја преставуваат Република Македонија во кугларска европа каде како шампиони обезбедија пласман.
Како што известивме претходно тимот успеа да ги задржи сите поединци од ланската шампионска сезона, односно ростерот останува во целост и во новата сезона.