Новиот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, го комплетираше стручниот штаб за новата натпреварувачка сезона.
Дел од него ќе биде и Стојан Петрушевски, се работи за тренер кој долго време е во Вардар, односно Петрушевски и Вујовиќ соработуваа и порано, токму кога претседател на клубот беше Михајло Михајловски.
Со враќањето на Вујовиќ во Вардар, се врати и Петрушевски кој минатата сезона ја помина како дел од екипата на Работнички. Работеше долго време и во вториот тим на РК Вардар, односно тоа е човек со долг стаж во клубот, па можеби и заслужи шанса да биде помошен тренер во редовите на двократниот Европски Шампион.
Дел од стручниот штаб треба да остане и Недановски, додека тренер на голманите е Александар Рогановиќ.