29-годишниот лев бек Дарко Глишиќ би можел повторно да се врати во редовите на ФК Вардар. Искусниот играч кој во 2010 година имаше настапи за Вардар, а потоа и во периодот од 2014-2018 година настапуваше за најтрофејниот, е можно ново засилување за ,,црвено – црните”.
Вардар силно го посакува Глишиќ, кој ако прифати и се врати повторно во Вардар, тогаш несомнено ќе биде големо, а можеби и најголемо засилување во овој летен преоден рок. Глишиќ во овој момент е слободен играч, а последен клуб му беше кипарска Докса.
Останува да видиме во наредниот период дали Дарко Глишиќ одново ќе ги брани боите на ФК Вардар.